• Facebook
  • Instagram
  • YouTube
  • LinkedIn
Skip to content
WE ARE EA.
  • Почетна
  • За EA Group
  • Соопштенија
  • Влијание
  • Инвеститори
  • Контакт
  • MK
Home Инвеститорски вестиЕУРОВИА – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2022 година

ЕУРОВИА – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2022 година

07.04.2023• byEurovia Blog

Групацијата ЕУРОВИА забележа зголемување од 78% наспроти претходната 2021 година.  во обемот на своето работење со вредност од  17,3 милиони евра во финансиската 2022 година, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2020 година. Зголемувањето на работењето беше постигнато во сите оперативни сегменти. Најголем пораст во апсолутна вредност е забележан на нашиот домашен пазар Северна Македонија, а потоа следат Албанија и Косово, каде во моментов ги завршуваме двата најголеми проекти во нашите нарачкии.  Во однос на индустриите низ кои ЕУРОВИА дејствува, ГРАДЕЖНИШТВОТО продолжува да се издвојува во склоп на групацијата. И покрај зголемените трошоци за изградба и забрзаниот пресврт на каматните стапки, нарачките за 2022 година се зголемија за 56% на годишно ниво, што е значителен раст во рекордно ниво од крајот на првите шест месеци од 2022 година.

Следува ТРГОВИЈАТА СО СТОКА што изнесува 4,8 милиони евра од вкупното работење, односно раст од 62,8 % во однос на претходната година.

Инвестициите во склоп на групацијата оваа година го постигнаа пикот од 6,1 мил евра, и финансиските резултати од нив се очекуваат да придонесат во 2023 година.

Менаџментот очекува да може да го одржи обемот на нарачки на високо ниво во 2023 година и покрај предизвикувачкото опкружување; поточно, прогнозата е за 25 мил евра. Сите три оперативни сегменти треба да дадат стабилен придонес кон оваа сума.

По исклучително високата EBIT маржа (EBIT/приход) во финансиската 2021 година, се очекува нормализирање и за 2022 и 2023 година, во согласност со долгорочната стратешка цел за генерирање на најмалку 4% на одржлива основа од 2022 година.

Нето инвестициите (парични текови од инвестициски активности) во 2023 година најверојатно нема да надминат 9 мил евра.

Дополнителни бројки и детали за финансиската 2022 година Ви се достапни во следниот линк: LINK 

Visited 5 times, 1 visit(s) today

Comments are closed.

Проекти и достигнувања

  • 452433168_1026652612795621_766722719675329855_nПосета на Министерот за внатрешни работи на проектот… 24.07.2024
  • 462206475_1083775420416673_5351695709463986882_nВажен проект за безбедноста на населението и… 10.10.2024
  • team_building_1Внатрешен тим билдинг заедно со сите менаџери на… 17.06.2019
  • donacija vo biblioteka 1Еуровиа со повеќе од 12 реализирани општествено… 13.01.2022
  • euroviasolarВажно Ажурирање од Еуровиа- Претставување на… 07.03.2024

EA GROUP / EACOM / EA BRANDS / EA DEVELOPMENT / SCREEN MEDIA / EA AGRAR

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
  • LinkedIn
EA Group Newsroom Официјални корпоративни новости, соопштенија за медиуми и вести за проекти од EA Group. Оваа страница претставува официјален извор за соопштенија за медиуми, корпоративни изјави и клучни достигнувања на Групацијата и нејзините подружници.
  • За EA Group Newsroom
  • Вести од ЕАКОМ
  • Соопштенија за медиуми (Press Releases)
  • Инвеститорски вести

Контакт

За медиуми: [email protected]
Општо: [email protected]
Тел: +389 44 350 991
Локација: Тетово / Скопје

Правно

Политика за приватност
Услови за користење
Политика за колачиња

© 2026 WE ARE EA. • EA Group of companies ©2025.
  • Home
  • Барање за Понуда
  • Контакти
Close Search Window
↑
  • MK