Проект “Подари приказна” преставува проет во кој вработените донесоа облека која речиси и не е носена, уредно спакувана и спремна за употреба. Преку овој проект Еуровиа се стреми да ги мотивира и останатите компании и физички лица да го се приклучат и да ја донираат својата облека за оние кои не се во можност да ја обезбедат.
Еуровиа како општествено одговорна компанија речиси секоја година традиционално реализира општествено одговорни проекти, но во текот на 2021 година бројот на реализирани проекти значително е во пораст. На овој начин промовирајќи подобар начин на живот и подобро општество.
ДОНАЦИЈА НА ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ
Имено поради актуелните случувања со Ковид кризата и оптеретувањето на здравствениот систем голем дел од донациите беа носочени кон здравството. Најпрво поддршка на ЈЗУ Болница – Тетово за организација на масовна вакцинација на неколку пунктови во градот како и донација на 12 прочистувачи на воздух во Клиниката, како и дарување крв на светскиот ден на крводарителството со што вработените дополнително ја покажаа својата хуманост на дело.
















