Изградба на фекална канализација во селата Горна Бањица, Чајле и Чегране.
Потпишаниот договор е вреден 123 милиони денари.

Изградба на фекална канализација во селата Горна Бањица, Чајле и Чегране – дел од рамковниот договор помеѓу Еуровиа и Општинското јавно комунално претпријатие Комуналец – Гостивар.Еуровиа потпиша рамковен договор со Јавното комунално претпријатие Комуналец за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во Општина Гостивар.Проектот предвидува изградба на 14 километри фекална канализација и реализацијата треба да заврши до есента 2020 година.Договорот беше постигнат преку јавни набавки објавени од општинското јавно комунално претпријатие Комуналец, а поддржан од општина Гостивар како заедничка инвестиција со посебен буџет.





