EA Group официјално го заврши процесот на ребрендирање на својата градежна и инфраструктурна компанија, при што досегашната Eurovia DOOEL продолжува со работа под новото име EACOM DOOEL.
Промената е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија и претставува стратешки чекор насочен кон понатамошна консолидација, модернизација и јасно позиционирање на компанијата во рамки на EA Group.
Името EACOM ги одразува основните области на дејствување на компанијата – Engineering, Architecture, Construction, Operation & Management, како и проширениот обем на активности во областа на инфраструктурата, развојот на недвижности и енергетските проекти.
Ребрендирањето не претставува промена на сопственичката структура, менаџментот, правниот субјект или оперативните капацитети. Компанијата ги задржува сите постоечки договори, обврски, проекти и партнерства, обезбедувајќи континуитет и стабилност во работењето.
Со оваа трансформација, EA Group ја зајакнува својата долгорочна визија за одржлив раст, институционално управување и примена на современи технологии и системи за управување.




